Агенда.мк  агреагтор лого
Инстаграм портфолио: Една од најдобро облечените Хрватки на улиците во Минхен Инстаграм портфолио: Една од најдобро облечените Хрватки на улиците во Минхен
Жана Јуришиќ е Хрватка која долго време живее во Минхен, Германија. Таа е деловна жена, мајка и дама со изграден стил што го користи... Инстаграм портфолио: Една од најдобро облечените Хрватки на улиците во Минхен

Жана Јуришиќ е Хрватка која долго време живее во Минхен, Германија. Таа е деловна жена, мајка и дама со изграден стил што го користи како адут на нејзиниот профил на Инстаграм каде ја следат над 74 илјади следбеници.

Нејзиното влијание од моден аспект на социјалните мрежи е веќе видливо, па за неа често може да прочитаме и во хрватските и во германските медиуми, на страниците посветени на модата.

Кај неа интересно е тоа што актуелните тенденции ги прилагодува на нејзиниот личен стилски сензибилитет, со што резултатот е автентичен и индивидуален приказ на трендовите.

Есенцијата на нејзиниот имиџ е урбана и лежерна естетика, но надоградена со еклектичен пристап. Од друга страна, женственоста и сексапилот секогаш дозирано се застапени, особено во нејзините вечерни комбинации.

Последните фотографии објавени на нејзиниот Инстаграм профил, се базирани на слоевити есенски комбинации со голем шарм, што може да ви послужат како инспирација која може да ја примените и во вашиот есенски стил.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *