Агенда.мк  агреагтор лого
ФИТР стартува со нова иницијатива – #FITR CLASSROOM ФИТР стартува со нова иницијатива – #FITR CLASSROOM
Фондот за иновации и технолошки развој започнува со имплементирање на долгорочна стратегија за инвестирање во претприемачите и македонскиот стартап сектор преку споделување на знаење... ФИТР стартува со нова иницијатива – #FITR CLASSROOM

Фондот за иновации и технолошки развој започнува со имплементирање на долгорочна стратегија за инвестирање во претприемачите и македонскиот стартап сектор преку споделување на знаење и научени лекции од светски експерти.

Во рамки на новиот серијал вебинари наречен #FITR CLASSROOM, два пати во месецот глобални експерти од најголемите светски брендови во различни области ќе го споделуваат своето искуство и препораки. Вебинарите се бесплатни и достапни преку платформата Зум (ZOOM).

Првиот интерактивен вебинар е на 25.11.2020 година во 19 часот со Марвин Лиао, поранешен партнер во „500Startups“ и еден од најеминентните ангел инвеститори во Силиконската долина. Тој ќе се осврне на тактиките, процесите и системите за ефективен влезен маркетинг и продажба, теми кои ќе ве одведат кон подобар и побрз раст. Влезниот маркетинг и продажбата им помагаат на сите видови бизниси да растат подобро, но постојат и посебно истакнати тактики кои можат да го катапултираат растот, особено на стартапите.

р е к л а м а

Инаку, Марвин има повеќе од 19 години искуство во вложувања во ризичен капитал, технолошки бизниси и стартапи. Тој ја води акцелераторската програма во Сан Франциско, а истовремено инвестира и во договори за почетен капитал. Неговите инвестиции се насочени кон дигиталните

Целиот текст тука!

365marketing

Оваа вест е превземена од 365 маркетинг. Повеќе на www.356marketing.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *