Агенда.мк  агреагтор лого
Тригон тортиљи со мелено месо Тригон тортиљи со мелено месо
Во тава на малку масло испржете го кратко кромидот ситно исечкан, па додадете го меленото месо. Откако ќе се испржи, додадете ги зачините и... Тригон тортиљи со мелено месо

Во тава на малку масло испржете го кратко кромидот ситно исечкан, па додадете го меленото месо. Откако ќе се испржи, додадете ги зачините и доматното пире. Пржете додека се спои, но остани сочно.

Во едно филџанче ставете го брашното со водата и измешајте да добиете мазна и густа маса, како лепило. Зависно колку ги полните лажиците, можеби ќе треба евентуално додавање на вода, многу малку.

Тортиљите сечете ги на половина.
Секое парче премачкајте го на рабовите со масата за лепење, во едната половина ставете по 2 лажици од филот со месо, преклопете и со раце убаво притиснете на рабовите да се залепат.

Пржете ги во поголема количина на масло загреано на умерена температура по отприлика 2 минути од страна, да добијат златна или кој сака покрцкави и потемна боја, па одложете ги испржени на чинија обложена со хартиена салвета за да се впие вишокот на мрснотија.

Служете ги топли, иако и ладни не се ништо помалку добри.

*Пржени имаат прекрасен шмек на вкусот. Но, доколку не сакате пржено, слободно можи да ги испечите и во рерна.
**По желба можи да ги послужите со некој сос, кечап, мајонез. Кај нас немаше потреба од никаков додаток. Испарија веднаш, едвај успеав да сликнам нешто набрзина

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *