Агенда.мк  агреагтор лого
Крцкави зачинети печурки Крцкави зачинети печурки
На Инстаграм може да се најдат повеќе креативни профили на млади девојки и момци кои секојдневно ги објавуваат своите рецепти. Затоа, одлучивме да ги... Крцкави зачинети печурки

На Инстаграм може да се најдат повеќе креативни профили на млади девојки и момци кои секојдневно ги објавуваат своите рецепти. Затоа, одлучивме да ги вклучиме најдобрите македонски фуд блогери од Инстаграм и да ги презентираме вкусните рецепти кои ги приготвуваат. Меѓу нив е и блогерот Дејан кoj испрати еден интересен рецепт за крцкави зачинети печурки.

„Се прават многу брзо и едноставно, а сепак се многу вкусни. Дејан вели дека ви се потребни 10 минути за да ги направите, а само 3 за да ги изедете.

Состојки: 100 г брашно 1 лажичка мелен пипер 1 лажичка црвена пипер (димена) 1 лажичка лук во прав 1 лажичка сол 1 лажичка мајчина душица 1 лажичка оригано 200 г свежи шампињони 50 мл газирана вода. Подготовка: Во длабок сад ставете ги сите суви состојки. Потоа додајте ја газираната вода и мешајте. Треба да добиете густа смеса како онаа за американски палачинки. Печурките исечкајте ги на половина. Исечканите печурки потопувајте ги во смесата и ставајте ги да се пржат во претходно загреано масло на температура од 160 – 170 степени. Пржете ги 1 до 2 минути на едната страна, а потоа уште 1 до 2 на другата. Пржените печурки треба да добијат златно кафеава боја.

Целиот текст тука!

Se za hrana

Оваа вест е превземана од Се за храна Повеќе на www.sezahrana.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *