Агенда.мк  агреагтор лого
Битолски зелник со мелено месо и кромид Битолски зелник со мелено месо и кромид
На овој зелник ме научи мајка ми и не го менувам ни рецептот ни начинот на подготовка – најдобар е. Го имам пробано и... Битолски зелник со мелено месо и кромид

На овој зелник ме научи мајка ми и не го менувам ни рецептот ни начинот на подготовка – најдобар е. Го имам пробано и со путер и со свинска маст и некакви миксови од маснотии, но најдобар е со маргарин колку и да не сакам да го користам.

Подготовка

Измешајте ги брашното, солта, квасецот и почнете да додавате вода постепено. Вклучете го миксерот со прикачени маталки за тесто. Миксирајте и додадете го оцетот, а водата по потреба. Кога тестото убаво ќе се измеша, замесете го со рака и видете ако е многу лепливо, додадете брашно. Кога ќе стане сосема малку лепливо, ставете си во дланката 1-2 лажици масло, премачкајте го и нежно домесете го. Лепливоста ќе ја снема. Секогаш имајте на ум дека подобро е помеко и полепливо тесто, отколку потврдо. Колку помеко тесто, толку подобар резултат.
Тестото е подготвено кога ќе се појават меурчиња при пресек со нож (мали шуплини).
Поделете го тестото на два дела, едниот дел нека биде малку поголем, тој ќе биде за долната кора.
Двете парчиња поделете ги на 6-7 дела и од секој дел направете топче.
Секое топче со помош на сукало раширете го во форма на диск со големина на чинија и премачкајте го со омекнат маргарин.

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *