Агенда.мк  агреагтор лого
Бајадера Бомбици (посно) Бајадера Бомбици (посно)
Овие превкусни бомбици се дел од нашата домашна слава (која е посна) покрај баклавата и други ситни блакца. Освен за славата ги правам многу... Бајадера Бомбици (посно)

Овие превкусни бомбици се дел од нашата домашна слава (која е посна) покрај баклавата и други ситни блакца. Освен за славата ги правам многу често бидејќи се едни од омилените на моите дечиња.
Подготовка –
1. Најпрво ги мелеме бисквитите и орасите и ги ставаме во некој сад.
2. Потоа на тивок оган ги ставаме шеќерот, маргаринот и водата…само да зовријат и да се стопи шеќерот.
3. Оваа течност ја истураме врз мелените бисквити и ораси и формираме бомбици со големина колку орев, ги редиме во некој дискус и ги оставаме во фрижидер 10-на минути.
4. За тоа време го топиме чоколадото со зејтинот, ги додаваме и мелените ораси.
5. Од стопеното чоколадо во книжни каписли (од најмалите) ставаме по 1м.л. и врз него ставаме бомбица.
6. Декорираме со растопено чоколадо и мелени бисквити или ораси.

Заради разноликост дел од смесата (или направете дупла доза) можете да ја обликувате како бајадера.
Доколку се одлучите да ги направите како дел од вашата славска трпеза, можете слободно да си ги направите предвреме и да си ги замрзнете, се со цел да си олесните од приготовките околу славата.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс – Наведи извор – Некомерцијално – Сподели под исти услови

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *