Агенда.мк  агреагтор лого
Партиските другари се простија од прерано починатиот доктор Трајче Нешковски(видео) Партиските другари се простија од прерано починатиот доктор Трајче Нешковски(видео)
Во СДСМ денеска се одржа комеморација по повод трагичната прерана смрт на нивниот партиски колега и другар, Трајче Нешковски. Членовите на социјалдемократската младина се... Партиските другари се простија од прерано починатиот доктор Трајче Нешковски(видео)

Во СДСМ денеска се одржа комеморација по повод трагичната прерана смрт на нивниот партиски колега и другар, Трајче Нешковски.

Членовите на социјалдемократската младина се простија од својот прерано починат другар со кого поминале денови протестирајќи против претходната власт под закрила на Шарената револуција.


https://www.facebook.com/martinvanmanevski/videos/10158672592324450/

Пред два дена МВР објави дека на 14.10.2020 во 16.45 часот било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко.  Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал. Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.

Генералниот секретар на СДСМ, упчо Николовски објави дека се работи за нивен партиски другар, колега, доктор и пријател.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *