Агенда.мк  агреагтор лого
Зошто уживаме да фрламе ѓубре кај ќе стигнеме Зошто уживаме да фрламе ѓубре кај ќе стигнеме
Кога велиме дека народот е виновен, тогаш тоа би значело дека за овој проблем нема одговорни инстанции – според тоа никој не е одговорен,... Зошто уживаме да фрламе ѓубре кај ќе стигнеме

Кога велиме дека народот е виновен, тогаш тоа би значело дека за овој проблем нема одговорни инстанции – според тоа никој не е одговорен, бидејќи народот како целина не може да се санкционира, вели проф. д-р Милева Ѓуровска

Македонија е природно убава земја, во тоа се согласуваме и ние што живееме во неа, а и странците што ќе ја посетат. Но, природната убавина не е доволна ако се соочиме со реалноста на немарливоста на нашиот народ и на нашиот систем со проблемот на фрлањето ѓубре и справувањето со отпадот. На оваа тема ги заслужуваме сите критики за лошо однесување.

Фото: Борче Поповски

Зошто толку лошо се однесуваме кон нашата животна средина? Се обидуваме да одговориме во соработка со професорките од Институтот за социологија, Милева Ѓуровска и Весна Димитриевска.

Темата со отпадот не треба да биде споредна во општеството

Една социо-културна анализа поврзана со отпадот покажува дека оваа тема не треба да биде споредна (не важна) како што е сфатена во нашиот социјален контекст. Кој сака да размислува и да се ангажира за нешто што треба да биде исфрлено, непосакувано и непожелно за гледање? Токму поради ваквиот пристап имаме ѓубре насекаде: на улиците, на плажите, во реките, по ливадите, планините.

Целиот текст тука!

Fakulteti

Оваа вест е превземена од Факултети. Повеќе на www.fakulteti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *