Агенда.мк  агреагтор лого
За Mercedes нема логика да се повлече од Formula 1 За Mercedes нема логика да се повлече од Formula 1
Mercedes планира да ги намали своите трошоци, но и да го намали импактот врз околината кој го има мотоспортот. Поради тоа се претпоставуваше дека... За Mercedes нема логика да се повлече од Formula 1

Mercedes планира да ги намали своите трошоци, но и да го намали импактот врз околината кој го има мотоспортот. Поради тоа се претпоставуваше дека германската компанија ќе се повлече од Formula 1 каде доминира во последните години. Сепак, Ола Калениус, извршниот директор на Daimler, истакнува дека Mercedes нема намера да се повлече од Formula 1.

„Mercedes има причини за повлекување од Formula 1, исто колку што Bayern Munich има причини да се повлече од фудбалот“, изјави Калениус за време на виртуелната дискусија со новинарите.

Со други зборови, нема никаква логика за напуштање на нешто каде што сте компетитивни на годишно ниво. Mercedes-AMG Petronas F1 не само што е компетитивен, туку е и шесткратен последователен шампион во најбрзиот циркус на планетата, а наскоро по се изгледа ќе ја освои и седмата титула.

Со оглед на тоа, Daimler прави планови да ги направи Formula 1 емисиите неутрални, што може да се достигне преку користење на синтетички горива. Втора нивна цел е да се унапредат трошоците за натпреварување во мотоспортот.

„Финансискиот импакт ќе биде преполовен во следните три години. Ние имаме цел за уште поагресивно намалување на трошоците во Formula 1, отколку во остатокот од компанијата“, додаде Калениус.

Покрај ова, тој исто така истакна дека Daimler е на прагот да ги пресретне целите за намалување на емисиите на CO2 во Европа, со тоа што Mercedes ги зголеми продажбите на електрични и хибридни возила во третиот квартал од годинава и ќе продолжи со својата електрична офанзива.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *