Агенда.мк  агреагтор лого
„Досадно“ пакување наменето за криење на сладолед „Досадно“ пакување наменето за криење на сладолед
Австралискиот огранок на светскиот бренд за сладолед Häagen-Dazs спровел истражување според кое 41% од возрасните Австралијци криеле сладолед од своите деца или цимери. Со... „Досадно“ пакување наменето за криење на сладолед

Австралискиот огранок на светскиот бренд за сладолед Häagen-Dazs спровел истражување според кое 41% од возрасните Австралијци криеле сладолед од своите деца или цимери. Со тоа сознание на ум, брендот се решил да создаде „досадно“ пакување, специјализирано токму за криење на сладолед.

Решението е „Тројански грашок“ – кеса со непривлечна темно-зелена боја и досаден дизајн, навидум наменета за чување на грашок, во која всушност може да се смести прилично големо кутивче со сладолед. Во долниот дел на пакувањето со мали бели букви стои натписот: „Ништо освен грашок. Сериозно. Нема потреба да проверите.“

Кампањата потоа била промовирана на социјалните мрежи со помош на повеќе австралиски инфлуенсери кои измислувале креативни начини како да го кријат својот сладолед, а кесите биле подарувани на фановите преку наградни игри организирани на Инстаграм страницата на брендот.

„Ние веруваме дека Häagen-Dazs е сладоледот на сладоледите и поради тоа е вреден за заштита. Ние сме возбудени што ја релизиравме оваа идеја и им помогнавме на Австралијците да уживаат во нивното драгоцено време предвидено за сладолед,“ истакнува Лијана Бадкок, постар бренд менаџер на Häagen-Dazs.

Кампањата била остварена со помош на креативната агенција Thinkerbell од Мелбурн.

[embedded content]

Целиот текст тука!

365marketing

Оваа вест е превземена од 365 маркетинг. Повеќе на www.356marketing.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *