Агенда.мк  агреагтор лого
Бургери од наут и црвена леќа Бургери од наут и црвена леќа
Споделете со пријателите Не знам дали ова е соодветното име за рецептот ама мора да има име па ајде нека стои вака 😊 Во... Бургери од наут и црвена леќа

Споделете со пријателите

Не знам дали ова е соодветното име за рецептот ама мора да има име па ајде нека стои вака 😊

Во секој случај ова е одличен, вкусен и високо нутритивен оброк. Јас дополнително направив и намаз од тиквички кој ќе ви го споделам подолу.

Потребни состојки (за околу 12 бургери):

200 g сиров наут или 400 g од конзерва 50 g црвена леќа 2 јајца 1 главица кромид 1 лажичка лук во прав или 2-3 чешниња свеж 1 мала лажичка сол малку магдонос малку маслиново масло 1 лажица сусам за посолување 2 лажици пченкарно брашно за валкање.

Подготовка:

Наутот и леќата најдобро е да ги оставите да се киснат преку ноќ. Следниот ден фрлете ја водата и кратко измијте ги. Ставете ги во блендер заедно со кромидот, лукот, солта, магдоносот и јајцата. Блендирајте кратко додека смесата не се соедини. Се формира густа смеса како паста која може да ја обликувате во топчиња. Правете топчиња и валкајте ги во пченкарно брашно, но пред да ги ставите на хартијата за печење потиснете ги одозгора.

На крај врз сите попрскајте малку маслиново масло и наросете малку сусам. Јас ги печев во загреаната рерна на 180˚С околу 12-15 минути.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *