Агенда.мк  агреагтор лого
Најмеки највоздушести кифли Најмеки највоздушести кифли
Низ рацеве ми поминале килници брашно, подготвувајќи зелници, пити, погачици,погачи, кифли….но овие кифли се ВРВ.Меки, воздушасти, лесни…Колку и да ги стегнам со раката, тестото... Најмеки највоздушести кифли

Низ рацеве ми поминале килници брашно, подготвувајќи зелници, пити, погачици,погачи, кифли….но овие кифли се ВРВ.
Меки, воздушасти, лесни…
Колку и да ги стегнам со раката, тестото си се враќа во првобитната положба.
Можеби ќе ви треба повеќе време и трпение за подготовка, бидејќи тестото е исклучлително меко, но мојот совет е неизбежно да ги подготвите,
Еве ќе се обидам и многу детално да го напишам рецептов.

Загрејте го млекото, стопете го путерот и одделете ги јајцата.
Двете белки од јајцата и една жолчка од јајце одат во тестото, а 1 жолчка се остава за да се премачкаат.
Ставете шеќер и квасец во топло млеко, малку брашно а потоа промешајте.
Оставете квасецот да се активира.
Сега во вангличка се ставаат активираниот квасец, 1 цело јајце и 1 белка,
стопен путер (оставете една лажица) прашок за пециво и оцет,сол и повторно измешајте добро.
Додадете го остатокот од брашното и месете го тестото.
Тестото е меко и лепливо и треба да го месите многу, околу 10 минути.
При месењето на дланката ставајте си по 1,2 капки масло и така многу лесно ќе
се меси.
Подигнете го тестото, ставете го одвоениот путер во сад, а потоа спуштете го
тестото.
Промешајте го малку, свиткувајќи ги краевите на тестото навнатре.
покријте го со крпа или фолија и оставете на топло место еден час

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *