Агенда.мк  агреагтор лого
“ОСВЕН КЕЛНЕРИТЕ, НИКОЈ НЕ НОСИ МАСКА“: Д-р Пановски за состојбата на охридските плажи “ОСВЕН КЕЛНЕРИТЕ, НИКОЈ НЕ НОСИ МАСКА“: Д-р Пановски за состојбата на охридските плажи
Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски во изјава за ТВ Телма вели дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не... “ОСВЕН КЕЛНЕРИТЕ, НИКОЈ НЕ НОСИ МАСКА“: Д-р Пановски за состојбата на охридските плажи

Професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски во изјава за ТВ Телма вели дека е подобро да се затворат плажите, бидејќи задолжителното носење маска не се почитува.

„Моментално сум на плажа во Охрид. Има 600-700 луѓе. Маски носат само келнерите и персоналот. Има два-тројца што ја носат под брада. Никој друг не носи маска, вели д-р Пановски.

Според него, протоколите мора да бидат сменети, бидејќи прописите што се носат, како овој за задолжително носење маска на плажа, мора да бидат логични.

“Подобро да ги затворат плажите отколку да кажат дека луѓето ќе седат на плажа со маска 3-4 часа на 40 степени. Тоа е мачење. Никој со здрав разум не би го направил тоа, да седи со маска на плажа. Значи, по охридските а веројатно и по останатите плажи, маски не се носат, бидејќи е тоа невозможно, е оценката на професорот.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *