Агенда.мк  агреагтор лого
Овесни корпички со кокосов крем Овесни корпички со кокосов крем
Споделете со пријателите Овој здрав, брз и лесен десерт може да биде одлична опција за појадок. Потребни состојки за корпичките: 70 g овесни снегулки... Овесни корпички со кокосов крем

Споделете со пријателите

Овој здрав, брз и лесен десерт може да биде одлична опција за појадок.

Потребни состојки за корпичките:

70 g овесни снегулки 1 банана малку цимет (по желба) пола рака мелени ореви (или малку повеќе снегулки)

Испасирајте ја бананата и додадете ги останатите состојки. Се добро измешајте, смесата треба да биде густа. Ставете од смесата во калапи за мафини и со помош на лажичка или рачно направете дупчиња во средина. Печете ги во загреана рерна на 180˚С околу 20-25 минути додека малку не заруменат.

Состојки за кокосовиот крем:

50 g кокос (може да искористите и трошки и чипс) 1 лажичка кокосово масло 100 g несолена урда 2 лажици кокосово млеко (или некое друго) мед (или стевиа или било кој засладувач)

Сите состојки ставете ги во блендер или сецко и добро измешајте. Ако користите мед ќе добиете прилично густа смеса како за чизкејк, а ако користите некој сув засладувач, додајте малку млеко плус. Се зависи која густина би сакале да ја постигнете.

Овој крем може да го искористите и за некоја торта.

Декорирајте ги одозгора по желба, можете со чоколадо, со овошје или со путер од јатки.

Рецептот и сликите се на Елена Ѓорѓиевска.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *