Агенда.мк  агреагтор лого
Ниско ниво на култура на македонските туристи: Охрид се дави во ѓубре!(фото) Ниско ниво на култура на македонските туристи: Охрид се дави во ѓубре!(фото)
Време: 16:35 Датум: август 1, 2020 Категорија: ЕКОНОМИЈА Центарот на Охрид, но и други познати туристички локации деновиве се затрупани со ѓубре. Како што... Ниско ниво на култура на македонските туристи: Охрид се дави во ѓубре!(фото)

Време: 16:35

Датум: август 1, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Центарот на Охрид, но и други познати туристички локации деновиве се затрупани со ѓубре.

Како што може да се види на фотографиите објавени на социјалните мрежи, отпад во текот на вчерашниот ден можеше да се забележи насекаде низ градот кој е полн со домашни туристи.

Расфрлани беа шишиња, пластични кеси и опаковки од храна.

Aктивостите од „Охрид СОС“ објавија дека група совесни граѓани вчера го собирале отпадот.

„Има луѓе што не ги интересира каде го фрлаат отпадот и загадуваат каде што ќе стигнат, но има и совесни и вредни луѓе како овие на објавата кои ги санираат штетите на првите. Ако имаше функционални институции во земјава, расфрлачите на отпад немаше да бидат толку храбри зашто највеќе боли кога ќе те удрат по џеб!“, велат од „Охрид СОС“, приложувајќи неколку фотографии од акцијата.

Колони возила и утрово се упатија кон Охрид каде граѓаните во најголем број одлучија да го поминат продолжениот викенд.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *