Агенда.мк  агреагтор лого
Десерт во чаша, со мелени орео кекси и банани Десерт во чаша, со мелени орео кекси и банани
Брзо, лесно,превкусно, летно десертче е мојот предлог денес. Во касерола ги соединуваме шеќерот, прашокот за пудинг и млекото.Изедначената смеса ја ставаме на тивок оган... Десерт во чаша, со мелени орео кекси и банани

Брзо, лесно,превкусно, летно десертче е мојот предлог денес.

Во касерола ги соединуваме шеќерот, прашокот за пудинг и млекото.
Изедначената смеса ја ставаме на тивок оган и готвиме до згуснување, со постојано мешање.
Во топлиот пудинг го додаваме и парчето путер, енергично промешуваме за да ја изедначиме смесата.
На дното на 4 чаши ставаме мелени орео кекси, одприлика по 1 до 2 лажици.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме бананите и сокот од лимон.
соединуваме.
Ова смеса ја додаваме кај млакиот пудинг.
Изедначуваме убаво.
Ставаме од кремот врз орео трошките.
Декорираме со кандирани вишни, орео трошки и ливчиња маточина.
Ставаме во фрижидер да се излади десертот, па послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *