Агенда.мк  агреагтор лого
Деми Мур открила зошто ѝ пропаднале сите три брака: „Не се каам за ништо!“ Деми Мур открила зошто ѝ пропаднале сите три брака: „Не се каам за ништо!“
Во интервју за еден подкаст, актерката Деми Мур се потсетила на своите бракови и открила како конечно сфатила каде грешела, по долга потрага по... Деми Мур открила зошто ѝ пропаднале сите три брака: „Не се каам за ништо!“

Во интервју за еден подкаст, актерката Деми Мур се потсетила на своите бракови и открила како конечно сфатила каде грешела, по долга потрага по одговорот

Ѕвездата од филмовите „Дух“ и „Стриптиз“, Деми Мур, зад себе има три пропаднати брака, а интересно е тоа што го задржала презимето на првиот сопруг со кого најкратко била во брачна заедница.

Имено, познатата бринета е родена под името Деми Џин Гајнес, а по бракот со рокерот Фреди Мур (1981-1985) одлучила да го задржи неговото презиме.

Поврзани објави

Со акциониот јунак Брус Вилис била во брак од 1987 до 2000 година, во кој родила три деца, а во третиот брак со помладиот Ештон Кучер се впуштила во 2005 година. Иако многумина им предвидувале брз крај, тој брак потрајал дури осум години.

По сите тие искуства, дури пишувањето на мемоарите објавени под името Inside Out ѝ помогнало да сфати каде грешела.

Се менувала себеси за да ја прифатат мажите

„Сите тие години толку многу се менував, секој пат одново, за да се вклопам во сликата на она што мислев дека го сакаат другите. Всушност, цело време работиме на тоа да бидеме пожелни, но ги занемаруваме своите желби“, открила Деми.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *