Агенда.мк  агреагтор лого
Градоначалникот Христоски ја прашува Мизрахи зошто нејзините приврзаници дивеат низ Крушево Градоначалникот Христоски ја прашува Мизрахи зошто нејзините приврзаници дивеат низ Крушево
Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, преку социјалните мрежи упати прашања до предводничката на коњаничката поворка, Рашела Мизрахи. ,,Дали Рашела Мизрахи со нејзините приврзаници, дел... Градоначалникот Христоски ја прашува Мизрахи зошто нејзините приврзаници дивеат низ Крушево

Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски, преку социјалните мрежи упати прашања до предводничката на коњаничката поворка, Рашела Мизрахи.

,,Дали Рашела Мизрахи со нејзините приврзаници, дел од коњаницата синоќа во Крушево дивееле и правеле немир врз мирољубивото население во Крушево? И покрај тоа што им беше укажано да останат во своето престојувалиште на ,,Гумења” моите информации говорат дека после повеќе нарушувања на ЈРМ со карање, физички напади, меѓусебни тепачки, групирања, забави, а со тоа и непочитување на мерките, препораките и протоколите, реагирала полицијата за што се преземени соодветни мерки против сторителите.

Зарем на овој начин со сквернавење на празникот ги почитувате нашите илинденци и дали на ваков начин им се оддолжувате за нивната борба за слобода?Дали ќе се оградите и ќе ги демантирате или барем осудите ваквите наводи?И покрај неколку мои укажувања, предупредувања, повици, сакам уште еднаш да ги повикам граѓаните, особено коњаницата на мирно и достоинствено чествување на празникот ,,Илинден”.

Во Крушево нема место за насилници, вандали и нивно нечовечко однесување со демонстрирање сила или моќ врз мирното население во пресрет на празникот.Крушево е град музеј, со богата историја, култура, традиција, не смееме да дозволиме поединци да предизвикуваат и ставаат црни дамки и лоши впечатоци кон оние гости кои не посетуваат во огромен број секоја година“-напиша Христоски.

Инцидентот е пријавен и е регистриран во полицискиот билтен:

На 01.08.2020 год. во 02.05 часот во ОВР-ПС-Крушево, од страна на полицискиот службеник Б.А. кој вршел патролна служба на м.в. „Гумење“ – Крушево забележал тепачка помеѓу лицето К.К. од Крушево,од една страна, и лицата Х.Ј. од Скопје, Ј.Ѓ. од Скопје, Н.А.од Скопје, Ј.Б. од Скопје, и Ј.С. од Скопје, од другата страна, кои меѓусебно си размениле по неколку удари со раце и нозе.

Горе наведените лица биле дојдени со коњаницата од Лисиче -Скопје. Заради спречување на тепачката од страна на УПС Б.А. од ОВР-ПС-Крушево од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум, по што тепачката престанала, пишува во сооптението од МВР.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *