Агенда.мк  агреагтор лого
Volkswagen објави скици, Caddy станува мини кампер Volkswagen објави скици, Caddy станува мини кампер
Германскиот производител Volkswagen го најавува малиот Caddy кампер како автомобил кој ќе понуди удобност како и многу поголемиот модел California. Мини камперот базиран на... Volkswagen објави скици, Caddy станува мини кампер

Германскиот производител Volkswagen го најавува малиот Caddy кампер како автомобил кој ќе понуди удобност како и многу поголемиот модел California. Мини камперот базиран на петтата генерација на Caddy е наменет за двојки или мали семејства кои сакаат да отпатуваат на викенд авантура. Во внатрешноста се наоѓаат столчиња и маса која може да се склопи, а за дополнителен багажник постојат две торби на страничните панели кои можат да послужат и како еден вид на параван кој гарантира приватност во внатрешноста на возилото.

Кога станува збор за спиење, Volkswagen Caddy мини камперот има кревет кој се извлекува и е долг речиси два метри, а благодарение на панорамскиот покрив од 1,4 квадратни метри, се овозможува и поглед кон ѕвезденото небо. Доколку сепак сметате дека имате премногу светлост во внатрешноста, стаклениот панел може да се затемни, исто како и останатите прозорци.

Според скиците кои се објавени, Caddy мини камперот ќе биде компатибилен и со шатор кој се спојува со задната врата на автомобилот, а нејасно е дали Volkswagen ќе го понуди истиот заедно со возилото. Овој Caddy мини кампер го користи адаптивниот Travel Assist темпомат на Volkswagen, како и Trailer Assist системот кој го олеснува користењето на приколката.

Кога станува збор за погонот, купувачите ќе имаат неколку опции. Ќе биде достапен четирицилиндричен дизел со 75 КС и 121 КС, како и бензински мотор со 113 КС. Дебито на Volkswagen Caddy мини камперот се очекува во септември.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *