Агенда.мк  агреагтор лого
Струјата поскапува за 7,42 отсто, РКЕ не донесе одлука за цената на парното Струјата поскапува за 7,42 отсто, РКЕ не донесе одлука за цената на парното
Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја... Струјата поскапува за 7,42 отсто, РКЕ не донесе одлука за цената на парното

Цената на електричната енергија што ја плаќаат домаќинствата на регулираниот пазар се зголемува за 7,42 отсто, а граѓаните и понатаму ќе можат да ја користат ефтината тарифа во истите период како и досега, потврди денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Цената на ЕЛЕМ се зголемува за 10,74 отсто, цената за пренос на МЕПСО за 12,5 проценти, а цената за дистрибуција е зголемена за 2,8 отсто, додека делот на снабдувањето кај ЕВН Хоум е намален за 7,71 процент. Врз цената немаат влијание новите вработувања и опремувања со нов мебел.

Поскапување на струјата, како што кажа, побарале сите електро-енергетски компании заради проблемите што ги предизвика кризата со коронавирусот Ковид-19. ЕСМ, додаде, има намалување на приходите од продажба на вишоци на електрична енергија од 17 милиони евра, а МЕПСО намалување на приходите за пренос од 11 милиони евра од транзит на електрична енергија за странство.

-Електрани на Северна Македонија оваа година има драстично и сериозно намалување на продажбата на вишоци на електрична енергија коишто најмногу одеа за извоз и тој пад е од 17 милиони евра. МЕПСО како преносен електро систем оператор од прекуграничните преносни капацитети кои ги доделуваше на аукции има намалување од 11 милиони евра, а исто така соодветно

Целиот текст тука!

Idividi

Оваа вест е превземана од Идивиди. Повеќе на www.idividi.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *