Агенда.мк  агреагтор лого
Земјите самостојно да го проценат ризикот од меѓународните патувања и да одлучат дали постепено ќе ги укинуваат мерките. Ова е најновата препорака од СЗО,...

Земјите самостојно да го проценат ризикот од меѓународните патувања и да одлучат дали постепено ќе ги укинуваат мерките. Ова е најновата препорака од СЗО, која заклучува дека инфекцијата со корона вирусот во европските држави забрзано се шири, најмногу поради отворените граници и слободното транзитирање на туристите, посебно младите луѓе, кои се најголем преносител на вирусот откако почна летото. Но, според докторите, тие не можат да ги убедат дека освен што младите се преносители, сепак може да имаат и фатални последици од вирусот.

Еден од предизвиците со кои се соочуваме е да ги убедиме младите луѓе за овој ризик. Доказите сугерираат дека зголемниот број на случаи во некои држави се поради младите луѓе кои се „разоружуваат“ пред летото во северната хемисфера. Сме кажале и порано и сега: младите не се непобедливи, вели генералниот директор на СЗО Тедрос аданом гебрејесус.

Не постои нулта ризик кога станува збор за оние патници кои влегуваат во други земји, но државите треба да ја земат предвид епидемиолошката состојба од каде пристигнуваат. И да одлучат дали ќе бидат ставени во карантин.

Засега европските земји не ги спуштат рампите. Шпанија секојдневно јавува за зголемен број на заболени со што по вторпат станува жариште. Но, освен британските власти кои воведоа задолжителен карантин за своите граѓани кои ќе се вратат од одмор од шпанските одморалишта, другите држави – само со препорака да не се патува во Шпанија.

Во најголем дел, земјите продолжија со туристичката сезона, а на граничните премини некои од нив, воведоа тестирање на патниците, и задолжително почитување на мерките. За туристите нема никаков проблем.

Кога сте на отворено, нема метеж. И мислам дека е ОК ваков вид на патување, Не е најдобриот начин, но добро, може да се патува вака, вели турист од холандија.

Заштитната маска и социјалното дистанцирање засега се најдобриот борец против заразата со Ковид-19 засега. Очигледно е дека препораките даваат резултат кај другите заразни болести. Во Кина, каде најрано се почна со карантин, најновите податоци велат дека значително е намален бројот на заболени од сипаници, заушки и полно преносливи болести. Но, речиси сите земји јавуваат за огромен пад на заболени од грип.

Алиса Шутиноска

The post СЗО: Да се укинат мерките за меѓународни патувања, да се одредат приоритети appeared first on telma.com.mk.

Целиот текст ТУКА!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *