Агенда.мк  агреагтор лого
Новата генерација на Honda Jazz пристигна во Македонија Новата генерација на Honda Jazz пристигна во Македонија
Четвртата генерација на Honda Jazz дебитираше кон крајот на минатата година, а сега е достапна на македонскиот пазар. Редакцијата на Авто Плус имаше можност... Новата генерација на Honda Jazz пристигна во Македонија

Четвртата генерација на Honda Jazz дебитираше кон крајот на минатата година, а сега е достапна на македонскиот пазар. Редакцијата на Авто Плус имаше можност да го забележи новиот Jazz со хибриден погон во продажниот салон на Honda.

Новиот Jazz пристигнува со новата e:HEV хибридна технологија која е дел од сите нови електрифицирани возила на јапонскиот производител. Новиот Honda Jazz на европскиот, а со тоа и на македонскиот пазар е достапен исклучиво со хибриден погон. Напредната е:HEV технологија нуди динамично, електрифицирано искуство во возењето, со што се овозможуваат значителни перформанси, ниски емисии на штетни гасови и секако висока економичност.

Honda Jazz се одликува и со седишта од „повисоките класи“ се со цел за поголема удобност во внатрешноста. Практичноста е обезбедена со голем број прегради и простори за одложување на работите во кабината. Ентериерот делува целосно модерно и футуристички. Тоа се однесува на 7-инчната дигитална инструмент табла и 9-инчниот екран задолжен за инфозабавниот систем, кој нуди интеграција со Android Auto и Apple CarPlay. Новата Honda Jazz пристигнува и со голем број безбедносни и системи за асистенција на возачот.

Инаку, како што веќе напоменавме, новата генерација на Honda Jazz во нашата држава се нуди со хибриден погон. Поточно, со i-MMD (Intelligent Multi-Mode Drive) погонски склоп со 1,5-литарски бензински мотор кој ја напојува литиум-јонската батерија од 1kW, како и генераторот, кој потоа го придвижува електромоторот кој е поставен на тркалата благодарение на E-CVT автоматскиот менувач. При возење во градски услови, работи исклучиво електромоторот, а бензинскиот мотор е исклучен. На отворен пат се вклучува бензинскиот мотор кој произведува струја за електромоторот, а тој и понатаму го движи возилото, со што се добива чувство дека се вози електрично возило.

Инаку, моделот кој успеавме да го забележиме во салонот на Honda беше со Elegance ниво на опременост. Неговата цената изнесува 25.990 евра. За повеќе информации најдобро е да го посетите продажниот салон или пак официјалниот сајт на Honda во Македонија.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *