Агенда.мк  агреагтор лого
Twitch го суспендираше профилот на Трамп Twitch го суспендираше профилот на Трамп
Платформата за видео-стриминг Twitch, во сопственост на Amazon, привремено го суспендираше официјалниот профил на американскиот претседател Доналд Трамп поради „говор на омраза“. „Говорот на... Twitch го суспендираше профилот на Трамп

Платформата за видео-стриминг Twitch, во сопственост на Amazon, привремено го суспендираше официјалниот профил на американскиот претседател Доналд Трамп поради „говор на омраза“.

„Говорот на омраза не е дозволен на Twitch. Во согласнот со нашите правила, каналот на претседателот Трамп доби привремена суспензија од Twitch поради коментари искажани за време на стриминг, а навредливите содржини се отстранети,“ соопштија од Twitch.

Компанијата посочи два примери во кои Трамп искажал навредливи содржини насочени против имигрантите кои доаѓаат од латиноамериканските земји, и тоа на еден стримуван митинг од минатата претседателска трка во 2016 година, како и последниот митинг во Тулса на 20 јуни 2020 година.

Претседателот на Трамп во последните месец-два е во отворена „онлајн војна“ со социјалните мрежи. Твитер во повеќе наврати означуваше објави на претседателот како „навредливи“, „насилни“ или „дезинформации“, додека пак Snapchat го отстрани профилот на Трамп од страницата „Snapchat Discover“.

Фејсбук беше единствената од големите социјални мрежи која подолго време одбиваше да превземе акција против претеседателот на САД. Но, по неколкунеделен бојкот од повеќе светски компании, и Фејсбук одлучи да ги заостри своите правила за политичко рекламирање, вклучително и во однос на политичките прораки поврзани со прашањето на имиграцијата.

р е к л а м

Целиот текст тука!

365marketing

Оваа вест е превземена од 365 маркетинг. Повеќе на www.356marketing.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *