Агенда.мк  агреагтор лого
Работи што треба да престанете да им ги кажувате на татковците Работи што треба да престанете да им ги кажувате на татковците
Кога станува збор за таткото и неговата улога во родителството, навистина можеме подобро. Ник Симард, татко на три деца и блогер, дава листа со... Работи што треба да престанете да им ги кажувате на татковците

Кога станува збор за таткото и неговата улога во родителството, навистина можеме подобро. Ник Симард, татко на три деца и блогер, дава листа со работи што треба да престанете да им ги кажувате на татковците.

1. „На должност си?“

Таткото е родител. Кога последен пат на кој било детски роденден или во паркот ѝ рекол некој на некоја мајка: „На должност си?“ Секако, претпоставка е дека е на должност. Таа е мајка и мајките го прават тоа. Татковците само понекогаш се појавуваат за мама да добие пауза, нели? Не. Не е вистина. Таткото не е на должност.

2. „Вечерва ти ќе ги чуваш?“

Чување деца е кога чуваш туѓо дете за неговиот родител да може да оди на состанок или на работа. Седењето дома со сопствените деца, дури и тогаш кога тоа го прави таткото, се нарекува родителство. Кога таткото навечер излегува со другарите на пиво, да гледа натпревар или нешто друго, мајката останува дома со децата и „си ја работи работата“. Истото важи и за татковците. Престани тоа да го нарекуваш чување на детето.

3. „Малку мир и одмор за мама?“

Зошто претпоставуваме дека мама е примарна негувателка? Или кога таткото е со децата, тогаш тоа е само затоа

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *