Агенда.мк  агреагтор лого
Д-р Беќаровски: Пред нашите очи се борат за воздух, згаснуваат животи, дали е толку тешко да се носи маска и да се држи дистанца? Д-р Беќаровски: Пред нашите очи се борат за воздух, згаснуваат животи, дали е толку тешко да се носи маска и да се држи дистанца?
Медицинските работници, доктори, медицински сестри, постојано укажуваат на тешкиот исход од Ковид 19 кај голем број лица. Молат, барааат да се почитуваат основните заштитни... Д-р Беќаровски: Пред нашите очи се борат за воздух, згаснуваат животи, дали е толку тешко да се носи маска и да се држи дистанца?

Медицинските работници, доктори, медицински сестри, постојано укажуваат на тешкиот исход од Ковид 19 кај голем број лица. Молат, барааат да се почитуваат основните заштитни мерки, носење маска, миење раце и дистанца.

Но, и предупредуваат дека се исцрпени и дека болничките капацитети се преполни.

Токсикологот д-р Нико Беќаровски упати уште еден апел до јавноста.

,,Смртта стана дел од мојата работа, како доктор кој цели 30 години работи ургентна медицина. Во сите овие години бројни човечки судбини и животи згаснувале пред моите очи. Да, и по толку години секое згаснување на човечкиот живот, остава белег во некоја мозочна келија, но и чемер во душата.

Но, тоа што не може никогаш да се избрише, тоа е КОГА ПРЕД ВАШИТЕ ОЧИ ЗГАСНУВА ЖИВОТ, КОЈ СЕ БОРИ ДА ВДИШЕ ВОЗДУХ. На почетокот е потполно свесен, Ве моли да му го зголемите доводот на кислородот, а Вие знаете дека веќе сте го ставиле апаратот на максимум. Ве прободува со исплашен поглед, зениците очајно му се шират, сѐ погласно моли и проколнува за малку кислород. По неколку минути започнува неповрзано да зборува, да вика, да пцуе да испушта разни звуци, мозочната хипооксија го прави своето. Полека започнува да помодрува, да набрекнуваат вратните жили, градниот кош непрекинато се шири и собира, четириесетина пати во минута и оддеднаш МОЛК. Во првиот момент Ви олеснува, бидејќи знаете дека маките на пациентот престанале, но тогаш започнуваат Вашите маки, Вашиот неспокој, кој уште долго ќе Ви го одзема сонот, тие десеттина минути ќе бидат Вашиот постојан НЕМИР“-пишува д-р Нико Беќаровски и вели:

,,,Драги мои сограѓани, приближно вака згаснува секој фатален исход од НОВИОВ МОНСТРУМ.
Со нашето неодговорно однесување, дозволивме здравствените капацитети да ни се преполнат.
Немојте да дозволиме да се доведеме во ситуација кога овие апокалиптични сцени ќе станат наше секојдневие. Добро размислете, дали со Вашето несовесно однесување ќе бидете и Вие сведок, кога некој Ваш близок ќе го поминува овој пекол. А, лузната која ќе Ви остане во душата доживотно ќе Ве прогонува.

А ТОЛКУ ЛЕСНО МОЖЕ ОВОЈ ДУШЕВЕН ТРАОР ДА СЕ СПРЕЧИ !!!!

2 метри дистанца, носење маски каде треба, миење раце, одговорно однесување.

Дали е премногу, дали е претешко ?“-прашува токсологот д-р Нико Беќаровски.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *