Агенда.мк  агреагтор лого
Македонската јавност повторно ќе ужива во концертите Македонската јавност повторно ќе ужива во концертите
Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, вклучително и земјава, предизвика откажување и одложување на големи манифестации и настани, но светот и Македонија... Македонската јавност повторно ќе ужива во концертите

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, вклучително и земјава, предизвика откажување и одложување на големи манифестации и настани, но светот и Македонија полека се враќаат во нормала и веќе од оваа година повторно ќе имаме концерти во нашата држава.

Имено, Авалон Продукција успеа да постигне договор со Министерството за здравство за враќање на концертите во Македонија. Сето тоа ќе се одвива под повеќе од достоинствени услови и со почитување на заштитните мерки, со цел публиката да може да ужива максимално во музичките спектакли. Со оглед на ситуацијата, но и околностите кои го налагаат сето тоа, протоколите ќе мора да се почитуваат, а тоа значи носење на заштитни маски и намалени капацитети на самите концерти, сето тоа за одржување на безбедна дистанца.

Од Авалон најавија дека ќе се врати во голем стил со open air концертната понуда за август и септември. Повеќе детали и информации се најавени за следната недела, но сега засега ова е одлична вест, бидејќи навистина е време за нешто убаво да се случува и ова лето.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *