Вашата дневна агенда
Светска ТВ-премиера на „Врба“ на МТВ1 на 29 март Светска ТВ-премиера на „Врба“ на МТВ1 на 29 март
Светската ТВ-премиера на најновиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде на 29 март (недела) во 22 часот на јавниот сервис МТВ1. Со... Светска ТВ-премиера на „Врба“ на МТВ1 на 29 март

Светската ТВ-премиера на најновиот игран филм „Врба“ на Милчо Манчевски ќе биде на 29 март (недела) во 22 часот на јавниот сервис МТВ1. Со прикажувањето на „Врба“ ќе биде заокружен циклусот #Седидома со Милчо на филмови од целокупниот опус на Манчевски што изминатиов период се емитуваа на јавниот сервис, со цел да се помогне акцијата на Владата и да им се доближи квалитетна филмска програма на гледачите, во време на вонредната состојба поради коронавирусот. Во рамките на циклусот, на 28 март (сабота) во 22 часот на МТВ1 ќе биде прикажан филмот „Прашина“.

„Три приказни, три мајки, три различни судбини. Едната средновековна, двете современи, а сите од срце. Мајка не е таа што раѓа, мајка е таа што сака“, е мотото на „Врба“.

По светската премиера на „Врба“ во октомври 2019 на црвениот ќилим на Филмскиот фестивал во Рим, каде беше примен со петминутни овации, филмот ја имаше македонска премиера на 1 ноември. Во месеците што следеа шестиот игран филм на Манчевски ја надмина бројката од 30.000 гледачи, што е рекорд во Македонија. Ова е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери во киносалите во Скопје и низ земјава.

Неодамна, „Врба“ ја освои наградата Најдобар филм

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *