Агенда.мк

контент агрегатор

Ѕидови, амбалажа, а наскоро и месо од печурки Ѕидови, амбалажа, а наскоро и месо од печурки
Ecovative е компанија која произведува амбалажа од мицелиум, коренестата структура на печурките, за компании како Dell и IKEA. Сега, тие сакаат да го користат... Ѕидови, амбалажа, а наскоро и месо од печурки

Ecovative е компанија која произведува амбалажа од мицелиум, коренестата структура на печурките, за компании како Dell и IKEA. Сега, тие сакаат да го користат мицелиумот за креирање на растителни меса.

Според информациите објавени на нивниот вебсајт, растот на мицелиумот нема волуметриско ограничување и може да биде израснат во 3D форма или да биде пост-процесиран во некоја форма, а е богат со влакна и протеин.

Еcovative ќе лансираат и нова компанија наречена Atlast food co., која ќе користи мицелиум за подобрување на структурата на разни растителни меса. Сега засега, тие го тестираат мицелиумот во форма на растителна сланина, чија структура е модифицирана и додадени се природни вкусови.

Ecovative, кои се основани во 2006-та, исто така од печурки прават алтернатива на стиропор која е целосно биоразградлива, како и дрво дизајнирано за користење во мебел, плочки, ѕидови, врати и кабинети.

Од компанијата истражуваат и други области каде мицелиумот би можел да се искористи за правење на структура на разни објекти, па дури еден ден и за креирање на органи.

Целиот текст тука!

Idividi

Оваа вест е превземана од Идивиди. Повеќе на www.idividi.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *