Агенда.мк

контент агрегатор

Чоколаден ролат Чоколаден ролат
Многу чоколада во секој залак.За подготовка на пандишпанот, прво ги одвојуваме жолчките од белките, на тој начин што во еден сад ќе добиеме 8... Чоколаден ролат

Многу чоколада во секој залак.
За подготовка на пандишпанот, прво ги одвојуваме жолчките од белките, на тој начин што во еден сад ќе добиеме 8 белки и во два сада по 4 жолчки.
Едниот сад со 4 жолчки го тргаме на страна бидејќи ќе ги употребиме за филот.
Во белките ставаме прстофат сол и ги матиме во цврст шам.

Во 4 жолчки додаваме 6 лажици шеќер и матиме. Жолчките со шеќерот ги додаваме во изматените белки и бркаме со дрвена лажица.

Во еден сад мешаме 5 лажици брашно, 3 лажици чоколада во прав и 1 пециво. Ова го додаваме кон јајцата, додаваме и 1 лажица рум, се’ заедно мешаме и го истураме во правоаголен плех обложен со пек-хартија.

Се пече на 180 степени. Откако е печена се замотува ролат во влажна крпа.

За подготовка на филот во едно тенџере ставаме околу 550 милилитри млеко и 5 лажици шеќер на оган. Во другиот сад со 4 жолчки додаваме 6 лажици густин и 50 милилитри млеко и мешаме со миксер. Кога ќе зоврие млекото се истура смесата со жолчки и густин. Кога ќе почне да згуснува се додаваат 2 чоколади искршени на помали парчиња и 3 лажици чоколада во прав. Сварениот фил го истураме во

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *