Агенда.мк

контент агрегатор

Проја со песто сос, чери домати и маслинки Проја со песто сос, чери домати и маслинки
Пестото, го приготвувам за тестенини и обично ми останува, па затоа сега решив да го искористам во пројата, која испадна многу вкусна.Во процесор, соединете... Проја со песто сос, чери домати и маслинки

Пестото, го приготвувам за тестенини и обично ми останува, па затоа сега решив да го искористам во пројата, која испадна многу вкусна.
Во процесор, соединете ги оревите, маслиновото, чешнето лук, босилекот и ренданиот кашкавал. Сосот посолете го и оставете го да отсои некое време во фрижидер. Овој сос, без проблем (доколку е затворен убаво во тегла) може да стои и до една недела. Отприлика, од оваа доза излегува околу 200мл песто сос.
Во сад, со рачна маталка пенесто сматете ги јајцата. Потоа, додајте го јогуртот (јас користев кефир) и маслиновото масло. Измешајте се убаво, па во смесата додајте го пченкарното брашно. Потоа, додајте го и песто сосот и измешајте повторно добро. Додајте го прашокот за печиво, па додавајте од белото брашно, се додека не се направи густа смеса, како за мафини.
Смесата, истурете ја во претходно премачкано мало плехче, а врз неа наредете ги сецканите чери домати и маслинки. Поросете со сусам.
Пројата се пече во претходно загреана рерна, најпрво на 170 степени, 20тина минути, па потоа уште 8-10 мин на 190 степени.
Оставете ја комплетно да се излади, па послужете ја со чаша јогурт или кисело млеко.
За пестото, секогаш користам козји кашкавал, затоа што ми има најинтензивен вкус и супер се надополнува со другите

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *