Агенда.мк

контент агрегатор

Чизкејк лубеница (без печење) Чизкејк лубеница (без печење)
За основаИзмелете ги бисквитите, путерот стопете го, додајте го во мелените бисквити, додајте млеко, кокос,  зелена боја и се’ измешајте.Во калап рамномерно расподелете ја... Чизкејк лубеница (без печење)

За основа
Измелете ги бисквитите, путерот стопете го, додајте го во мелените бисквити, додајте млеко, кокос,  зелена боја и се’ измешајте.
Во калап рамномерно расподелете ја основата. Ставете во фрижидер.

За крем
Маскарпонето измешајте го со павлака, додајте шеќер во прав по вкус.
Желатинот измешајте го со 50 мл. ладна вода, оставете го да набабри, растопете го, додајте во маскарпонето. Ставете во него црвена боја.

Врз основа ставете едно длабоко чиниче завиткано во целофан. Околу чинвичето истурете го кремот и оставете во фрижидер да се стегне.
Кога ќе се стегне крем извадете го чинвичето.

За желе
Ставете го сокот да зоврие. Истурете го во него желатинот и промешајте. Оставете го да истине.
Истинато желе истурете го во празното место каде што беше чинивчето. Оставете во фрижидер да се стегне.
Чоколадото стопете го и направете фигури во вид на семки од лубеница.
Стегнатиот чизкејк украсете го со направени од чоколадо семки од лубеница.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *