Агенда.мк

контент агрегатор

Први фотографии од новиот Land Rover Defender Први фотографии од новиот Land Rover Defender
Целосно новиот Defender го менува класичниот модел кој престана да се произведува пред три години. Land Rover пред неколку години одлучи да го прекине... Први фотографии од новиот Land Rover Defender

Целосно новиот Defender го менува класичниот модел кој престана да се произведува пред три години.

Land Rover пред неколку години одлучи да го прекине производствто на класичниот Defender и да им понуди на купувачите значително модернизирана верзија која и натаму ќе има одлични теренски карактеристики типични за претходниците.

Целосно новиот модел има „коцкеста“ силуета со одредени стилски елементи инспирирани од оригиналниот модел. Сепак, Land Rover ги ублажи острите линии, што посебно е воочливо кога возилото се гледа од предната страна.

На почетокот на купувачите ќе им бидат понудени два „дизелаши“, потоа еден 4-цилиндарски бензинец, како и бензинец со 6 цилиндри и „благ“ хибриден погон. Land Rover до 2020-та година планира на пазарот да претстави и plug-in хибриден Defender.

Внатрешноста и натаму е прилично конзервативно дизајнирана со едноставни правоаголни геометриски облици и прави линии, но обилува со луксузни, современи технолошки содржини, вклучувајќи го 10-инчниот екран.

Новиот Land Rover Defender ќе дебитира на Саемот за автомобили во Франкфурт кој за посетителите е отворен од денес, 10-ти септември. Посетителите ќе можат да го видат од четврток, 12-ти септември.

Целиот текст тука!

Friday

Оваа вест е превземана од Friday. Повеќе на www.friday.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *