Агенда.мк

контент агрегатор

Мисијата на ОБСЕ во Скопје започна кампања против гласини што ги дискриминираат жените во општеството Мисијата на ОБСЕ во Скопје започна кампања против гласини што ги дискриминираат жените во општеството
Под слоганот #СекојаЕднаЕВредна, вчеравечер беше  означен почетокот на националната кампања „Гласно против гласини“. Оваа кампања, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, има за... Мисијата на ОБСЕ во Скопје започна кампања против гласини што ги дискриминираат жените во општеството

Под слоганот #СекојаЕднаЕВредна, вчеравечер беше  означен почетокот на националната кампања „Гласно против гласини“. Оваа кампања, поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, има за цел да ја подигне свеста за штетното влијание од ширењето „гласини“ кои доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во нашето општество.

Кампањата „Гласно против гласини“ е поттикната од потребата да се стави крај на стигматизацијата на жените во општеството врз основа на приказни и верувања полни со непроверени информации, сомнежи и невистини.

На синоќешниот настан присуствуваа гости од различни сфери, поддржувачи на кампањата, како и активните учесници односно жени и девојки чии инспиративни приказни се дел од серијата активности, а официјално обраќање имаше и Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Родовата еднаквост и борбата против гласините, стереотипите и предрасудите кои ги поттикнуваат и ги зајакнуваат родовите нееднаквости не се прашања кои ги засегаат само жените, туку се однесуваат на општеството како целина. Затоа ги повикувам сите мажи и момчиња целосно да се вклучат и да преземат заедничка одговорност за постигнување родова еднаквост “, истакна амбасадорот Која.

На настанот беа промовирани  инспиративните приказни на жените кои претставуваат позитивен пример за справување со оваа негативна општествена појава – г-а Мартина

Целиот текст тука!

Faktor

Оваа вест е превземена од ФАКТОР. Повеќе на www.faktor.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *