Агенда.мк

контент агрегатор

Лажен чоколаден чизкејк (без печење) Лажен чоколаден чизкејк (без печење)
Чизкејк (во превод торта со сирење) е една од најубавите торти на светско ниво. Лесна и кремаста, релативно едноставна за подготовка е совршен десерт... Лажен чоколаден чизкејк (без печење)

Чизкејк (во превод торта со сирење) е една од најубавите торти на светско ниво. Лесна и кремаста, релативно едноставна за подготовка е совршен десерт за секаква прилика и затоа стана популарна, особено меѓу младите домаќинки. Кај нас маскарпоне сирењето кое најповеќе се користи за правење на филот на чизкејк е релативно ново и бидејќи е увезено е прилично скапо, 500 грама од ова сирење ќе ве чини минимум 300 ден. Затоа се измислени и други замени за ова сирење, може да користите квалитетна изварка несолена, но изварката нема кремаста структура. Така открив друга замена за маскарпоне, а тоа е кисела павлака со висока масленост, минимум 20%. Павлаката претходно треба да се исцеди од течноста неколку часа. Вкусот е идентичен како да користите маскарпоне крем сирење, а трошокот е 4 пати помал. Бидејќи дома си сакаме повеќе чоколадни вкусови, се одлучив за чоколаден чизкејк кој дефинитивно е одлична замена за чоколадната класична торта, а е 100 пати поедноставна за правење.

Подготовка

Прво павлаката ставете ја во поголемо парче газа или тетра пелена, убаво завиткајте ја во 1 слој и по можност закачете ја некаде да се цеди неколку часа. Одвреме навреме притискајте ја нежно за побрзо да истечи течноста.

1. Сомелете

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *