Агенда.мк

контент агрегатор

Оливија Њутн-Џон позитивна и полна со ведрина … Оливија Њутн-Џон позитивна и полна со ведрина …
• Четврток, 15 Август 2019 15:35 Оливија Њутн-Џон со позитивна енергија и оптимизам се бори со ракот во напреден стадиум. 70-годишната ѕвезда од „Брилијантин“... Оливија Њутн-Џон позитивна и полна со ведрина …

• Четврток, 15 Август 2019 15:35

Оливија Њутн-Џон со позитивна енергија и оптимизам се бори со ракот во напреден стадиум.

70-годишната ѕвезда од „Брилијантин“ присуствуваше на The Industry Dance Awards & Cancer Benefit Show, каде ја прими Наградата за животно дело, а фановите со задоволство коментираат за нејзината широка насмевка.

„Сакам сите да знаат дека сум тука, ми оди одлично. Беше тешка година, затоа што си ја скршив крсната коска и повторно морав да учам да одам и сето тоа. Но, силна сум, се вратив и се чувствувам добро и ја обожавам секоја минута“ – рече таа.

„Позитивна сум за мојот живот и моето патување и се надевам дека тоа ќе поттикне и други луѓе да бидат позитивни за нивните“ – додаде славната пејачка и актерка.

[embedded content]

Оливија првпат се соочи со рак на дојка во 1992 година. „Го открив ракот на дојка кај себе за време на самопреглед и раното откривање ми го спаси животот. Жените треба да се самопрегледуваат секој месец за да се запознаат со своето тело и да забележат ако има промени“ – порача таа пред три години.

Во 2013 година, таа дозна дека ракот се проширил во нејзиното рамо, а во

Целиот текст тука!

Femina

Оваа вест е превземана од Фемина. Повеќе на www.femina.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *