Агенда.мк

контент агрегатор

Антракс – причинител, симптоми, пренесување кај … Антракс – причинител, симптоми, пренесување кај …
• Четврток, 15 Август 2019 Антраксот е потенцијално смртоносно, инфективно заболување, предизвикано од грам позитивна бактерија, кое ги афектира животните, а во одредени случаи... Антракс – причинител, симптоми, пренесување кај …

• Четврток, 15 Август 2019

Антраксот е потенцијално смртоносно, инфективно заболување, предизвикано од грам позитивна бактерија, кое ги афектира животните, а во одредени случаи и човекот. Болеста во развиените делови од светот, вклучувајќи ја и Европа, се јавува исклучително ретко, па во последните години, на Стариот Континент се регистрирани спорадични случаи и тоа во Медитеранските земји, Унгарија и Романија.

Антраксот е познат и како биолошко оружје, кое низ историјата било употребувано од повеќе нации и терористички групи. Последниот поголем биотерористички инцидент е регистриран во 2001 година, кога жителите на САД беа изложени на спори од антрaкс, користејќи го американскиот поштенски систем. Во тој период, беа инфицирани 22 лица кои ги отворале или разнесувале контаминираните писма, а кај 5 од нив имало смртен исход.

Кој е причинителот на антракс?

Предизвикувач на антраксот е бактеријата Bacillus anthracis, која може да се најде во почвата и да предизвика заболување кај тревопасните животни како говедата, овците и козите. Бактеријата има две форми – спора и вегетативен облик.

Спорите се создаваат само во надворешната средина, најчесто кога заразената крв од животното ќе го напушти телото и ќе дојде во контакт со воздухот. Спорите имаат неверојатна стабилност, екстремно се отпорни на надворешни влијанија,

Целиот текст тука!

Femina

Оваа вест е превземана од Фемина. Повеќе на www.femina.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *