Агенда.мк

контент агрегатор

Цвекло салата со  сос од лук и компир Цвекло салата со  сос од лук и компир
 – Измиеното цвекло ставете во вода со сол да се вари. Откако е сварено се лупи и сецка на коцки – оставете да олади.Сос–... Цвекло салата со  сос од лук и компир

 
– Измиеното цвекло ставете во вода со сол да се вари. Откако е сварено се лупи и сецка на коцки – оставете да олади.
Сос
– Исмиениот компир се става да се вари.
– Додека вари компирот вие во сад ставете го исчистениот лук, водата, лимоновиот сок и сол – испасирајте , додадете го маслото, уште малку се заедно пасирајте.
– Сварениот компир излупете, со вилушка додека е топол ситно згмечете, во него додајте го сосот од лукот (ако се олади компирот маслото нема да може да се впие во компирот).
-Добиениот сос додадете го целиот кон изладеното цвекло и измешајте или пак засебно послужете (тоа е најчест начин – се служи засебно, па кој сака во тањирот нека измеша за да ја добие оваа вкусна салата). Се посипува со потпечени толчени ореви и бибер.
Тоа е се другари и другарки…
Само да додадам дека на мене оваа салата со печено цвекло во зимата ми има посебен вкус, но рецептот е со варено, јас честопати си правам отстапки. Ако во компирот додадете и кисела павлака – вкус од милина. Тоа го оставам на вас… да си додадете тоа што сакате вие – трпи салатата промена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *