Агенда.мк

контент агрегатор

Три лече крем со нутела -Tres Leches  krem Три лече крем со нутела -Tres Leches  krem
Фантастичен, фантастичен летен десерт.Дегустаторите беа воодушевени.Топло ви го препорачувам да го подготвите бидејќи е многу вкусен и декоративен. Начин на подготовка.Прво во ладна вода... Три лече крем со нутела -Tres Leches  krem

Фантастичен, фантастичен летен десерт.
Дегустаторите беа воодушевени.
Топло ви го препорачувам да го подготвите бидејќи е многу вкусен и декоративен.

Начин на подготовка.
Прво во ладна вода го ставаме желатинот да набари.
Во касерола налеваме слатка павлака, млеко, кондензирано, засладено млеко и ванила.
Загреваме на умерен оган со повремено мешање.
Смесата треба да биде врела, но не и да врие.
Тргаме од оган.
На тивок оган го ставаме желатинот да се раствори.
Потоа внимателно го додаваме во претходно соединетите состојки и мешаме за да се изедначат.
Оваа смеса ја делиме на три дела, онака одокативно, а може и по од прилика 500 мл.
Во еден мал сад ставаме црвена прехранбена боја и водичка.
Промешуваме.
Ова го ставаме во првиот сад.
Соединуваме.
Во вториот сад ставаме нутела и мешаме додека убаво не се раствори.
Третиот дел ни останува бел.
Земаме силиконски калап.
На дното на калапот ставаме од белата смеса крем.
Оставаме во замрзнувач 10 минути, односно кремот да фати коричка.
Внимателно врз него го ставаме розовиот крем.
Повторно враќаме во замрзнувач.
Кога се формирала коричка, значи со нежен допир на прст проверуваме, го нанесуваме белиот крем.
Повторно ставаме 5-10 минути во замрзнувач.
Врз него го нанесуваме кремот со нутела.
Повторно ставаме во замрзнувач.
На крај го нанесуваме остатокот на бел крем.
Куглофот со трилече кремот го ставаме во обичен фрижидер, не во замрзнувач, да одстои 2-3 часа.
Потоа

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *