Агенда.мк

контент агрегатор

Пралини со кокосов крем Пралини со кокосов крем
Ова се домашни чоколадни пралини со изобилен вкус на кокос Подготовка1. Го топиме чоколадото на најниска температура.2. Силиконските калапи за пралини ги премачкуваме со... Пралини со кокосов крем

Ова се домашни чоколадни пралини со изобилен вкус на кокос

Подготовка
1. Го топиме чоколадото на најниска температура.
2. Силиконските калапи за пралини ги премачкуваме со растопеното чоколадо, со помош на силиконска четка.
3. Се ставаат во замрзнувач да се стегнат, па повторно се премачкуваат и се враќаат во замрзнувач.
4. Кокосовиот крем го ставаме во тенџере заедно со шеќерот, кога ќе се растопи шеќерот го додаваме путерот да се растопи, па ги додаваме кокосовите снегулки.
5. Соединуваме, оставаме да излади смесата и ги полниме калапчињата со неа, затвораме со стопено чоколадо, со премачкување.
6. Оставаме чоколадото да се стегне, во ладилник.
7. Пралините внимателно ги вадиме од калапи и ги сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *