Агенда.мк

контент агрегатор

Посна паштета од туна и таан – домашен рецепт Посна паштета од туна и таан – домашен рецепт
Одлична на вкус и лесна за правење. Сигурни сме дека во деновите на пости или кога сакате домашна вкусна храна, рецептот за оваа посна... Посна паштета од туна и таан – домашен рецепт

Одлична на вкус и лесна за правење. Сигурни сме дека во деновите на пости или кога сакате домашна вкусна храна, рецептот за оваа посна паштета од туна и таан и тоа како ќе ви користи. Вреди да се проба!

А Катерина М, која е заслужна за рецептот вели: „Паштети одамна не купувам, ама домашни обожавам. Сум правела паштети од туна со павлака, со варени јајца, крем сирење, мајонез, ама со оваа не можат да се споредат. Налетав случајно на рецептов на една страна за хроно исхрана. Не дека сум на хроно, ама кога видов таан во составот реков: Ааа, ова мора да се проба, бидејќи обожавам таан. Одев по рецептот, ама си додадов и зрна од коријандер бидејќи ги сакам во намази и паштети. Топло ви препорачувам да си ја пробате, особено нека им се најде на сите кои што постат.“

Состојки: 105 г парчиња туна од конзерва 1/2 главица кромид 3 полни лажици таан 3 чешниња лук неколку ливчиња магдонос неколку зрна коријандер 1/2 лажиче чили во прав сок од 1/2 лимон неколку лажици од маслото во кое стоела туната по потреба сол и црн пипер. Подготовка: Во кујнски сечко ставете ги сите состојки и блендирајте до саканата густина.

Целиот текст тука!

Se za hrana

Оваа вест е превземана од Се за храна Повеќе на www.sezahrana.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *