Агенда.мк

контент агрегатор

Свежа салата со пченка и зеленчуци Свежа салата со пченка и зеленчуци
Убавината е во едноставноста! – Често пати ни се случува фрижидерот да ни е полн со храна и тоа добра, вкусна и освежителна, но... Свежа салата со пченка и зеленчуци

Убавината е во едноставноста! – Често пати ни се случува фрижидерот да ни е полн со храна и тоа добра, вкусна и освежителна, но да не знаеме како да ја искористиме. Токму за тоа станува збор во овој рецепт. Ви предлагаме една помалку секојдневна комбинација на состојки, претворена во свежа салата со пченка и неколку зеленчуци во различни бои.

Чинија полна со бои и радост. Вкусен момент кој треба да се доживее! – Дозата е за 2 порции, а по потреба зголемете ја.

Состојки: 1 чаша варена и исцедена пченка 8-10 шери доматчиња или 1-2 домати зависно од големината 1 краставица 1 главица црвен кромид неколку гранчиња магдонос сол по вкус Брилијант масло со омега 3 по вкус. Подготовка: Најпрво сварете ја пченката додека омекне, а потоа исцеде ја и оставете ја да се излади. Шери доматчињата или доматите измијте ги, па пресечете ги на парчиња. За поинтересен изглед, ако станува збор за големи домати, предлагаме да ги исечете на коцки. Краставицата измијте ја и исто така исечете ја на коцки. Кромидот излупете го и поситно исечкајте го. Додајте сол и Брилијант масло со омега 3 по вкус, промешајте и на крај сервирајте со сечкани ливчиња од неколку гранчиња магдонос.

Целиот текст тука!

Se za hrana

Оваа вест е превземана од Се за храна Повеќе на www.sezahrana.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *