Агенда.мк

контент агрегатор

New York Times продолжува со „Вистината вреди“ – кампањата се прошири со outdoor инсталации низ Њу Јорк New York Times продолжува со „Вистината вреди“ – кампањата се прошири со outdoor инсталации низ Њу Јорк
Кампањата „Вистината вреди“ (“The Truth Is Worth It”) на американскиот дневен весник The New York Times континуирано собира пофалби во пресрет на годинашното издание... New York Times продолжува со „Вистината вреди“ – кампањата се прошири со outdoor инсталации низ Њу Јорк

Кампањата „Вистината вреди“ (“The Truth Is Worth It”) на американскиот дневен весник The New York Times континуирано собира пофалби во пресрет на годинашното издание на Cannes Lions. Но, од New York Times не застануваат тука – пред неколку денови беа поставени и првите outdoor инсталации низ градот Њу Јорк, фокусирајќи се на идејата дека „Вистината е локална“ (“The Truth Is Local”).

Жителите на Њу Јорк ќе откријат интерактивни излози кои „оживуваат“ наслови од локални вести поврзани со населбите Бронкс, Бруклин, Менхетн, Квинс и островот Статен. Секоја од инсталациите ќе се обиде да презентира како известувањето на New York Times имало влијание врз конкретните населби.

Клучен дел од инсталациите се QR кодови преку кои се активира снимена нарација на новинари од весникот кои ги раскажуваат своите искуства и предизвиците со кои се соочиле при истражувањето на соодветните локални стории. Обработените теми се движат од расна дискриминација во образоцанието, па се до неправди во судскиот систем.

Една инсталација во Бруклин, на пример, преку затворска ќелија која постепено се осветлува ја илустрира сторијата на еден невин човек кој бил неправедно затворен поради корупција во полицијата и правниот систем.

Инсталациите се дело на дизајнерското студио Local Projects од Њу Јорк.

Напоредно

Целиот текст тука!

365marketing

Оваа вест е превземена од 365 маркетинг. Повеќе на www.356marketing.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *