Агенда.мк

контент агрегатор

Суши од ориз со туна и кашкавал Суши од ориз со туна и кашкавал
Ќерка ми сакала да направиме суши, но не сака листови од морски алги. Решивме да направиме суши без морски алги.Оризот убаво измијте го. Додадете... Суши од ориз со туна и кашкавал

Ќерка ми сакала да направиме суши, но не сака листови од морски алги. Решивме да направиме суши без морски алги.
Оризот убаво измијте го. Додадете 2 чаши вода и оставете 15 минути да одстои. Ставете да се вари со истата вода на силен оган додека не зоврие. Кога ќе зоврие, намалете на многу тивко, затворете со капаче и оставете 15 минути да се вари. После 15 минути исклучете и покријте со натопена крпа додека не истине.
Во едно ѓезве стоплете една лажица вода со една лажица оцет, додадете шеќер, сол и измешајте додека не се растопат. Истурете во изладениот ориз и промешајте.
Краставицата и морковот исечете ги на ленти. Исто и кашкавалот.
На бамбусова подлога (ако немате може и на фолија) ставете ориз, расподелете во еден правоаголник, на него редете туна, краставица, морков и кашкавал, завиткајте во ролат.
Ролат сечете на 6 парчиња. Одозгора наросете со ленено семе и сусам.
Забелеша
Кога сечете ролат ножот треба да се топи во вода ззатоа што оризот лепи.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *