Агенда.мк

контент агрегатор

Подготвени за When in Krusevo vol.3? Подготвени за When in Krusevo vol.3?
Адреналинскиот When in Krusevo настан продолжува и оваа година! Третото летно издание на outdoor дружбата ќе се одржи од 21. – 23. јуни 2019,... Подготвени за When in Krusevo vol.3?

Адреналинскиот When in Krusevo настан продолжува и оваа година! Третото летно издание на outdoor дружбата ќе се одржи од 21. – 23. јуни 2019, на веќе добро познатата локација на Крушевското езеро.

И ова лето рекреативците и вљубениците во Крушево, крушевската природа и планинскиот воздух, ќе имаат можност да уживаат прекрасен викенд во Крушево, исполнет со низа спортски и рекреативни активности, како и неизбежната луда забава.

Покрај редовните спортски активности: рекреативна (10 км) и долга (20 км) планинарска тура, планински велосипедизам низ прекрасната крушевска природа (мала 20 км и голема 40 км тура), тандем параглајдинг, кајак и SUP на Крушевското езеро оваа година гостите ќе имаат шанса за прв пат да пробаат и јавање на коњи. Во рамките на забавниот дел предвидени се рок и DJ журки каде ќе настапат нашите добро познати и редовни гости The Hounds, крушевските рокери Invictus, лудото jungle & reggae дуо Natty Fiyah SS, реномираниот DJ Todoroff и секогаш максимално расположениот и позитивен локален DJ Бапчу!
Кампот ќе биде поставен непосредно до Крушевското езеро, каде ќе уживате во свежите вечерни часови и прекрасните сончеви утра.

Цената на фестивалскиот пакет е 500 денари во кој се вклучени уникатна маичка од фестивалот со нова оригинална илустрација на добро познатиот македонски

Целиот текст тука!

Idividi

Оваа вест е превземана од Идивиди. Повеќе на www.idividi.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *