Агенда.мк

контент агрегатор

Грав со мелено месо и бешамел сос Грав со мелено месо и бешамел сос
Во тава со малко масло попржуваме ситно сецкан кромид и го додаваме меленото месо и го попржуваме.Доматот го рендаме и додаваме кај меленото месо... Грав со мелено месо и бешамел сос

Во тава со малко масло попржуваме ситно сецкан кромид и го додаваме меленото месо и го попржуваме.
Доматот го рендаме и додаваме кај меленото месо го додаваме и сварениот грав промешуваме да се соединат и зачинуваме.
Готовата смеса ја ставаме во сад за печење, убаво е да користите земјена тава.
И го подготвуваме бешамелот.
Во тава го ставаме путерот и брашното, мешаме постојано да се попржи брашното и постепено го додаваме млекото со постојано мешање.
Мешаме да се згусти сосот го посолуваме и побиберуваме кога е готов го тргаме на страна.
Врз гравот го рендаме кашкавалот, врз него го распоредуваме бешамелот.
Вака подготвено го ставаме во рерна околу 15-20 минути.
Состојките се за мала количина за повеќе дуплирајте ги состојките.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс – Наведи извор – Некомерцијално – Сподели под исти услови

Целиот текст тука!

Moi recepti

Оваа вест е превземана од Мои рецепти. Повеќе на www.moirecepti.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *