Агенда.мк

контент агрегатор

Нова демократија и неизлезноста победија во вториот круг од локалните избори во Грција Нова демократија и неизлезноста победија во вториот круг од локалните избори во Грција
Атина, 3 јуни 2019 (МИА) – Повеќе од половина Грци одбраа вчера да не излезат на гласање во вториот круг од локалните избори за... Нова демократија и неизлезноста победија во вториот круг од локалните избори во Грција

Атина, 3 јуни 2019 (МИА) – Повеќе од половина Грци одбраа вчера да не излезат на гласање во вториот круг од локалните избори за градоначалници и префекти, а според официјалните и конечни резултати од грчкото Министерство за внатрешни работи, Нова демократија е победникот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мала излезност, пресврт во Солун и целосна доминација на Нова демократија во цела Грција, се главните карактеристики што го одбележаа вториот круг од локалните избори.

На официјалниот сајт на грчкото МВР по официјалните резултати, мапата на Грција со 13. периферии е обоена во сино – бојата на Нова демократија.

Со преброени 100 отсто од гласовите, во 12 од 13 периферии победници се кандидатите од Нова демократија. Меѓу седумте периферии кои вчера добија префект е и Атика, поширокиот регион на Атина, каде што Јоргос Патулис од Нова демократија доби 65,79 отсто од гласовите, а кандидатката од СИРИЗА, Рена Дуру која вторпат се кандидираше за втор мандат освои 34,21 проценти.

На гласањето за градоначалници, во Атина, убедливо победи Костас Бакојанис од Нова демократија со 65,25 отсто наспроти Насос Илиопулос од СИРИЗА кој доби 34,75 проценти од гласовите.

Во општина Солун, иако Константинос Зервас во првиот круг се бореше за второто место и влез во вториот круг, вчера донесе

Целиот текст тука!

Kajgana

Оваа вест е превземана од Кајгана. Повеќе на www.kajgana.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *