Агенда.мк

контент агрегатор

Израел ја бомбардираше сириската авиобаза во Хомс Израел ја бомбардираше сириската авиобаза во Хомс
Тел Авив, 3 јули 2019 (МИА) – Израел вчера, вторпат во 24 часа ја нападна воздушната база во сириската покраина Хомс, јави сириската новинска... Израел ја бомбардираше сириската авиобаза во Хомс

Тел Авив, 3 јули 2019 (МИА) – Израел вчера, вторпат во 24 часа ја нападна воздушната база во сириската покраина Хомс, јави сириската новинска агенција САНА.

При нападот врз базата Т4 еден војник загина, двајца се повредени, а оштетен е магацин за оружје.

Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР) објави дека при нападот загинале петмина, меѓу кои и сириски војник.

Според СОХР, во базата Т4 стационирани се и ирански борци и припадници на Хезболах.

Нападот се случи само неколку часа откако Израел истрела повеќе ракети во близина на главниот град на Сирија, Дамаск, и во јужниот дел од земјата во покраината Кунеитри, на Голанска Висорамнина. Во првиот напад, според СОХР загинале најмалку десет припадници на сириските безбедносни сили.

Израел соопшти дека нападот бил одговор на ракетирање од соседна држава.

Целиот текст тука!

Kajgana

Оваа вест е превземана од Кајгана. Повеќе на www.kajgana.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *