Агенда.мк

контент агрегатор

„Шпаркасе Банка“ ги доделува првите кредити за стартапите „Шпаркасе Банка“ ги доделува првите кредити за стартапите
Шпаркасе Банка Македонија на денешната прес-конференција ги додели првите кредити за старт-ап компаниите што учествуваа во првиот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета... „Шпаркасе Банка“ ги доделува првите кредити за стартапите

Шпаркасе Банка Македонија на денешната прес-конференција ги додели првите кредити за старт-ап компаниите што учествуваа во првиот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање на старт-ап бизниси во Република Северна Македонија. Програмата „Чекор по чекор“ е прва програма што на старт-ап бизнисите им овозможи пристап до финансиски средства во вкупен износ од околу 1,5 милиони евра, во фондови гарантирани со Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ.

Младите амбициозни претприемачи со идеја за создавање сопствен бизнис, беа дел од првата акцелераторска програма од овој вид, која има за цел да обезбеди финансиска и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на отпочнување сопствен бизнис. Младите бизниси, кои се формирани пред помалку од 36 месеци на пазарот, имаа можност да аплицираат за првиот кредит преку подготовка на бизнис-план, кој беше оценуван од соодветна комисија на Банката. На почетокот на првиот циклус на програмата беа пријавени повеќе од 50-тина стартапи, кои имаа можност да бидат дел од едукативните работилници спроведени во соработка со Business Impact Lab и Start-up Academy.

Задоволство ни е што сме првата банка што на младите претприемачи им обезбеди пристап до потребните финансиски средства од традиционални банкарски извори.

Целиот текст тука!

Faktor

Оваа вест е превземена од ФАКТОР. Повеќе на www.faktor.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *