Агенда.мк

контент агрегатор

Предиво од нановлакна помага за заздравување на повредено ткиво Предиво од нановлакна помага за заздравување на повредено ткиво
Истражувачите од MIT и универзитетот Бејханг креирале „предиво од нановлакна“ за кое велат дека може да помогне во заздравувањето на оштетените мускули и тетиви,... Предиво од нановлакна помага за заздравување на повредено ткиво

Истражувачите од MIT и универзитетот Бејханг креирале „предиво од нановлакна“ за кое велат дека може да помогне во заздравувањето на оштетените мускули и тетиви, истовремено овозможувајќи му на пациентот да ја го користи повредениот дел од телото.

Сега, за да мускулот или тетивата заздрави, потребно е одреден временски период да се фиксира нивното движење, на пример со носење на специјална чизма. Со ова предиво, тоа би се избегнало.

Тоа било создадено со креирање на тесни калеми од стотици илјадници нановлакна направени од биокомпатибилни материјали, на кои потоа им биле додадени различни видови на живи клетки, вклучувајќи и мускулни клетки.

По растегнување на калемите 6 пати од нивната оригинална должина, било откриено дека повеќето клетки преживеале и продолжиле да растат – што значело дека формата на калемот ги заштитила од умирање како резултат на движењето.

Истражувачите се надеваат дека еден ден ваквите структури ќе можат да се вградуваат под кожата, а материјалот од кој би биле направени би се разградил во организмот, оставајќи ги новите клетки да помагаат во заздравувањето.

Целиот текст тука!

Idividi

Оваа вест е превземана од Идивиди. Повеќе на www.idividi.mk

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *