Агенда.мк

контент агрегатор

Нико Беќаровски: Канабисот за медицински цели е легализиран, а ,,пола грам“ е доза за прашкасти материи Нико Беќаровски: Канабисот за медицински цели е легализиран, а ,,пола грам“ е доза за прашкасти материи
,, Целиот текст не држи ниту ,,пола грам” вода. Канабисот за медицински цели е легализиран и одобрен во држава. Има пристојна палета на производи... Нико Беќаровски: Канабисот за медицински цели е легализиран, а ,,пола грам“ е доза за прашкасти материи

,, Целиот текст не држи ниту ,,пола грам” вода. Канабисот за медицински цели е легализиран и одобрен во држава. Има пристојна палета на производи кои регуларно се продаваат во аптеките, а посебно за ,,наведената индикација”. Второ, маслото од канабис се продава во милилитри и не постои доза од ,,пола”. Пола грам е доза за прашкасти материи (хероин, кока). Како доследен подржувач на Шарената Револуција, крајно сум разочаран од непринципиелниот обид да се избегне морална одговорност, а како специјалист интернист-кл.токсиколог кој 29 години работи со болести на зависност можам само иронично да се насмеам на бедното образложение.
Заедно викавме ,, нема правда, нема мир” ама тоа мора да важи за сите до еден“-пишува во коментар поранешниот директор на Токсикологија, Научен советник д-р. сци Нико Беќаровски.

Инаку, неговиот одговор е на коментарот на Замир Мехмети кој вели:

,, По игра на случајност знам за приватните проблеми со кои се соочува Павле. Знам за трагедијата која есеноска му се случи нему и на неговото семејство. Сестра му настрада во тешка сообраќајна несреќа и после повеќе од 20 дневна кома се разбуди со тешки последици. Маслото од канабис и помага за полесно справување со болките исто како што помага и за ублажување на симптоми од многу болести. 
Не знам за вас но јас лично би одел до Северна Кореа да го договорам и Ким Јонг Ун за пола нуклеарка ако тоа би му помогнало на некој мој близок. Ова го зборувам како син на татко со преживеани 14 мозочни удари кој 15 години беше практично инвалид. Морализирање на овие теми сведочи за отсуство на сочуство и емпатија помеѓу луѓето што е показател за суровоста која не има обземено сите“-коментираше Мехмети.

Лавина реакции предизвика признанието на пратеникот Павле Богоевски дека вчера пуштената снимка во која се слуша како тој договара купување на нешто нелегално, е автентична.

Во своја одбрана напиша дека е точно дека купил нешто нелегално, но дека не е коакин, туку масло од канабис за некој ,,негов близок“.

Целиот текст тука!

Нема коменари.

Оставете коментар први.

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *